Нема потешко од тоа да се стави крај на врската и да се дистанцирате од некој Ваш близок. Семејните врски се едни од најсилните врски што секој човек ги има за целиот свој живот. Секогаш ќе имате одредени луѓе кои ќе ги сметате како семејство. Без разлика дали ќе имате семејство по крв или семејство по избор, настојувајте да се опкружувате со позитивни луѓе и да се тргате од луѓето кои не ви влијаат најдобро на расположението
Семејството треба секогаш да е тука за вас и никогаш не очекувате дека вашето семејство ќе ве повреди. Сепак, некои членови на семејството можат да бидат повеќе деструктивни и штетни од било кој друг. Кога оваа света врска е скршена, таа може да остави трајна рана. Вистината е, некои луѓе се едноставно премногу токсични за вас за да се наоколу и треба да продолжите без нив. Не се срамете се да се ставите себе си на прво место. Никогаш не ставајте го вашето физичко, ментално или емоционално здравје на линија само затоа што некој е „семејство“. Значи, како да забележиш токсичен член на семејството? Обрни внимание на овие пет предупредувачки знаци!
1. Тие се хранат со драмата
Дали некогаш сте одлучиле да му се обратите на некој член на семејството за некои совети или да споделите некои од вашите најдлабоки стравови со некој на кого му верувате? Ги изложувате своите слабости во надеж дека ќе добиете некаква помош во времето кога ви е потребно тоа. Тогаш ќе дознаете дека тие целосно Ве предале и сега сите ги знаат вашите тајни. Ова е крајно предавство, особено кога станува збор за близок член на семејството или за доверлив пријател.
2. Тие Ви судат
Конструктивната критика е исклучително здрава и потребен дел од секоја врска. Меѓутоа, повторената, агресивна и деградирачка критика може да влијае на самодовербата на една личност на многу длабоко ниво. Членовите на семејството кои се премногу пресудни и контролираат се,се дефинитивно токсични и нема потреба да се чувствувате лошо за да се одалечите од нив и да не бидете во нивното присуство.
Токсичниот член на семејството само ќе одлучи да ви помогне ако може нешто да добие. Нормално, тие ќе дојдат кај вас за совет или помош, но веднаш штом ќе им дадете што им треба, ќе одлучат да се дистанцираат од вас уште еднаш и со таквата постапка повторно да ве повредат. Што се случува кога ви треба нивната поддршка и љубов? Тие нема да можете да ги најдете, ниту пак да ги добиете за возврат. Тие знаат како да Ве манипулираат!
4. Тие одат напред и назад помеѓу позитивните и негативните коментари
Еден момент тие ве пофалуваат и ги поддржуваат вашите напори, а следниот тие ве навредуваат и го судат секој потег што го правите. Понекогаш Ве понижуваат во јавност и Ве исмејуваат „за Ваше добро“. Тие не можат да го толерираат тоа кога ги игнорирате, така што прават сè што е во нивна моќ за да ја повратат контролата на вашето внимание. Речиси е невозможно да се откажат од нивното манипулативно однесување.
5. Често употребуваат техника на манипулација, која се нарекува Gaslighting (манипулација на мозокот)
Ако знаете некој којшто тврди дека никогаш не сторил или не кажал нешто, кога Вие и сите други знаете дека е лага... Вие сте изманипулирани! Gaslighting е техника која се заснова на садење семе на сомнеж во умот на жртвите, во обид да ги натера да се чувствуваат беспомошно и да се сомневаат во сопствената разумност и меморија. Можеби имате членови во семејството што одговараат на горниот опис. Ако е така, тие се закана за вашето ментално здравје. Токсичните односи, дури и со семејството и пријателите, можат да имаат големо влијание врз вашата целокупна благосостојба.
* * *
Само затоа што сте идентификувале токсичен однос, тоа не значи дека треба да се откажете од тоа лице и да го мразите, омразата е ниска фреквенција. За почеток е доволно да го препознаете тој однос и да ја прифатите таа личност. Вашата човечност секако ќе сака да направи сè за да им помогнете, затоа што ги сакате, а ним им е потребна Вашата помош, но на поинаков начин од дотогаш. Секако дека најмногу ќе им помогнете ако на почетокот се дистанцирате за одреден период. Има многу работи што можете да ги направите за да биде токсичниот член на семејството потолерантен и за да започне да се менува.
Сепак, најдобро решение ќе биде да ги отстраните од вашиот живот. Тоа не е секогаш лесна задача, особено ако таа токсична личност е родител. Ако ситуацијата ескалира до точка каде што станува невозможно да бидете среќни, тогаш немате друг избор освен да го елиминирате тоа лице од вашиот живот или вие да се елиминирате себе си од нивните животи. Без оглед на тоа колку е корисно да се отстрани оваа личност од вашиот живот, сè уште ќе имате чувство на вина, загуба, болка, двоумење, грижа на совест и сомнеж во врска со одлуката. Мора да бидете подготвени да ја направите оваа жртва со цел да ги заштитите вашите емоции и вашата иднина.
Понекогаш морате да доживеете болка за да се заштитите себе си од уште поголеми болки и за да можете конечно душевно да се излечите. Исто така, ќе ви треба време да се опоравите и да заздравите. Во многу случаи токму дистанцата била лек за подобрување на односите помеѓу лицата во иднина, бидејќи кога некој не го цени вашето присуство, многу повеќе ќе го цени по вашето отсуство. Запомнете секогаш грижете се најпрво за себе! Ако сте ја прочитале оваа статија и била корисна за вас, немојте да се плашите да ја споделите со вашето семејство и пријателите на вашите социјални мрежи!
Сепак, најдобро решение ќе биде да ги отстраните од вашиот живот. Тоа не е секогаш лесна задача, особено ако таа токсична личност е родител. Ако ситуацијата ескалира до точка каде што станува невозможно да бидете среќни, тогаш немате друг избор освен да го елиминирате тоа лице од вашиот живот или вие да се елиминирате себе си од нивните животи. Без оглед на тоа колку е корисно да се отстрани оваа личност од вашиот живот, сè уште ќе имате чувство на вина, загуба, болка, двоумење, грижа на совест и сомнеж во врска со одлуката. Мора да бидете подготвени да ја направите оваа жртва со цел да ги заштитите вашите емоции и вашата иднина.
Понекогаш морате да доживеете болка за да се заштитите себе си од уште поголеми болки и за да можете конечно душевно да се излечите. Исто така, ќе ви треба време да се опоравите и да заздравите. Во многу случаи токму дистанцата била лек за подобрување на односите помеѓу лицата во иднина, бидејќи кога некој не го цени вашето присуство, многу повеќе ќе го цени по вашето отсуство. Запомнете секогаш грижете се најпрво за себе! Ако сте ја прочитале оваа статија и била корисна за вас, немојте да се плашите да ја споделите со вашето семејство и пријателите на вашите социјални мрежи!
Автор: Кристина Т.
Уредник: MoniQue K.
Уредник: MoniQue K.
Извор: Higher Perspective



КОЖНА ЧЫТАЙЦЕ ГЭТАЯ ПРАВІЛЬНАСЦЬ НА ЯК Я Атрымаў маю пазыку ад легіту і даверанае Крэдытнае прадпрыемства Мяне клічуць Керсцін Ліс, я шукаў крэдыт, каб урэгуляваць свае даўгі, усе, каго я сустрэў, ашукалі і забралі свае грошы, пакуль я, нарэшце, не сустрэў містэра Бенджаміна Брэйл Лі. Ён мог мне даць крэдыт у памеры 450 000,00 рубляў. Ён таксама дапамог іншым маім калегам. Я размаўляю як самы шчаслівы чалавек ва ўсім свеце сёння, і я сказаў сабе, што любы крэдытор, які выратавае маю сям'ю ад нашага дрэннага становішча, я скажу імя на ўвесь шырокі свет, і я так рады сказаць, што мая сям'я вярнулася назаўжды, таму што мне патрэбна была пазыка, каб пачаць усё жыццё, бо я адзіная мама з трыма дзецьмі і ўвесь свет, здавалася, вісіць на мяне, пакуль я не меў на ўвазе, што Бог адправіў крэдытора, які змяніў маё жыццё і што ў маёй сям'і, БОГ баіцца крэдытора, г-н, Веніямін, ён быў Збаўцам, які Бог паслаў выратаваць маю сям'ю, і спачатку я думаў, што гэта не стане магчыма, пакуль я не атрымаю крэдыт, і я запрасіў яго да маёй сям'і. -Усе ўдзельнік, які ён не адмовіўся, і я параю любому, хто мае сапраўдную патрэбу ў пазыцы, звязацца са спадаром Бенджамінам Брэйлам Лі па электроннай пошце па адрасе: (Lfdsloans@outlook.com), таму што ён найбольш разуменны і добры сэрдэнцкі крэдытор I калі-небудзь сустракаўся з клапатлівым сэрцам. Ён не ведае, што я раблю гэта, распаўсюджваючы сваю добразычлівасць да мяне, але я адчуваю, што павінен падзяліцца гэтым з усімі вамі, каб вызваліць сябе ад ашуканцаў, калі ласка, будзьце асцярожныя і можна звязацца з кампаніяй, якая займаецца крэдытам, напішыце нам па электроннай пошце: Lfdsloans@outlook. com ці whatsapp + 1-989-394-3740. .
ReplyDeleteThe best 777 Casino Hotel hotels & motels - MapyRO
ReplyDeleteFind the 충주 출장마사지 best 수원 출장마사지 777 Casino hotels and motels in the USA. See reviews, photos and cheap rates for 양산 출장샵 Harrah's 광주광역 출장샵 Reno 정읍 출장샵 Casino Hotel in Reno, NV.