Saturday, September 8, 2018

Научниците откриваат дека душата не умира, туку се враќа назад во Универзумот!

Најголемата мистерија на нашето постоење е: Што се случува по смртта? Денес експертите потврдуваат дека не постои смрт на свеста, туку само телесна смрт. Според двајца водечки научници, човечкиот мозок е всушност „биолошки компјутер“, а свеста на луѓето е „програм“ кој е предводен од овој квантен компјутер лоциран во нашиот мозок и свеста продолжува да постои, дури и по физичката смрт на мозокот


Експертите објаснуваат дека „откако луѓето ќе умрат, нивната душа се враќа во Универзумот и таа не умира“. Дебатата околу постоењето на душата и за тоа дали таа е бесмртна или умира заедно со личноста е бесконечна и таа постои отсекогаш... Мистериозната природа на душата продолжува да ги фасцинира различните области од науката, но сега група на истражувачи откриле нова фасцинантна вистина за душата: таа не умира, туку се враќа во Универзумот. 

Според некои проминентни научници, квантната механика ѝ овозможуваат на душата да постои дури и по смртта на телото. Иако научниците исто така сè уште не умеат детално да го дефинираат и суштински разберат поимот „свест“, д-р Стјуарт Хамероф од Универзитетот во Аризона тврди дека тоа е само формана квантна информација. Според д-р Стјуарт Хамероф (Stuart Hameroff), пензиониран американски физичар од одделот за Анестезиологија и психологија и г-динот Роџер Пенроус (Roger Penrose), математичар и физичар од Универзитетот Оксфорд, душата се наоѓа во микро-тубулите на мозочните клетки. Овие двајца научници го нарекуваат овој процес како „Orchestrated Objective Reduction“ (или „Orch-OR“). Наводно кога човечкото битие е клинички мртво, микротубулите во мозокот ја губат нивната квантна состојба, но и понатаму се во состојба да ги зачуваат информациите содржани во нив.

Оваа теорија неодамна беше претставена од страна на документарната емисија Through the Wormhole на The Science Channel во која д-р Хамероф елаборира: „Да речеме дека срцето престанува да чука, крвта престанува да тече; микро-тубулите ја губат нивната квантна состојба. Квантната информација во микро-тубулите не е уништена, не може да биде уништена и таа едноставно се расплинува во Универзумот на големо. Ако пациентот се реанимира, оживее, оваа квантна информација може да се врати во микро-тубулите и пациентот вели - ‚Имав искуство блиско до смртта‘. Ако не се оживее и пациентот умре, можно е оваа квантна информација да постои надвор од телото, можеби бесконечно, како душа“ - објаснува тој.

Неговите зборови сугерираат дека човечката душа е многу повеќе од едноставна интеракција на невроните во мозокот. Всушност оваа теорија укажува на тоа дека нашите души постоеле отсекогаш, од самиот почеток на постоењето воопшто. Британскиот физичар Роџер Пенроус верува дека заедно со неговиот тим откриле доказ што ја потврдува оваа теорија. Имено, основната структура на микротубулите вклучува протеини коишто се структурни компоненти на човечките клетки коишто носат квантна информација на субатомско ниво. Според него кога лице ќе претрпи времена смрт, овие информации се ослободени од микротубулите во Универзумот. Доколку лицето ќе се врати во живот, тогаш квантните информации се враќаат назад во микротубулите што го дава чувството на соочување со смртта. Д-р Роџер дополнува дека доколку лицето не е реанимирано и умре, тогаш квантните информации најверојатно продолжуваат да постојат надвор од телото и остануваат во Универзумот засекогаш. Се верува дека токму тие информации ја сочинуваат нашата душа.

Истражувачите од добро познатиот Институт за физика Max Planck од Минхен тврдат дека физичкиот свет е само перцепција на нашите умови и кога нашите тела умираат, единственото нешто коешто ние би го искусиле после смртта е бесконечноста. Поранешниот менаџер на овој Институт изјави дека луѓето ја перципираат концепцијата на „тука и сега“ како дел од материјалниот свет, што е разбирливо. Материјалниот свет има свои корени, исто така коишто можат да значат дека нашите животи на овој свет веќе се опфатени со следниот живот. Телото умира, но спиритуалната квантна информација продолжува да постои. Ова значи дека сме бесмртни. Д-р Кристијан Хелвиг (Christian Hellwig) од Институтот за биофизичка хемија Max Planck додаде дека нашите мисли, волјата, свеста и нашите чувства се дел од нашата спиритуалност, па овие карактеристики совршено се совпаѓаат со оние кои припаѓаат на крајно сложениот и неверојатен феномен на квантниот свет.

Автор: MoniQue K.
Извор: Wakeupyourmind

Monday, July 23, 2018

Еве зошто е добро да тргнете некои членови на семејството надвор од вашиот живот

Нема потешко од тоа да се стави крај на врската и да се дистанцирате од некој Ваш близок. Семејните врски се едни од најсилните врски што секој човек ги има за целиот свој живот. Секогаш ќе имате одредени луѓе кои ќе ги сметате како семејство. Без разлика дали ќе имате  семејство по крв или семејство по избор, настојувајте да се опкружувате со позитивни луѓе и да се тргате од луѓето кои не ви влијаат најдобро на расположението


Семејството треба секогаш да е тука за вас и никогаш не очекувате дека вашето семејство ќе ве повреди. Сепак, некои членови на семејството можат да бидат повеќе деструктивни и штетни од било кој друг. Кога оваа света врска е скршена, таа може да остави трајна рана. Вистината е, некои луѓе се едноставно премногу токсични за вас за да се наоколу и треба да продолжите без нив. Не се срамете се да се ставите себе си на прво место. Никогаш не ставајте го вашето физичко, ментално или емоционално здравје на линија само затоа што некој е „семејство“. Значи, како да забележиш токсичен член на семејството? Обрни внимание на овие пет предупредувачки знаци!

1.      Тие се хранат со драмата

Дали некогаш сте одлучиле да му се обратите на некој член на семејството за некои совети или да споделите некои од вашите најдлабоки стравови со некој на кого му верувате? Ги изложувате своите слабости во надеж дека ќе добиете некаква помош во времето кога ви е потребно тоа. Тогаш ќе дознаете дека тие целосно Ве предале и сега сите ги знаат вашите тајни. Ова е крајно предавство, особено кога станува збор за близок член на семејството или за доверлив пријател.

2.      Тие Ви судат

Конструктивната критика е исклучително здрава и потребен дел од секоја врска. Меѓутоа, повторената, агресивна и деградирачка критика може да влијае на самодовербата на една личност на многу длабоко ниво. Членовите на семејството кои се премногу пресудни и контролираат се,се  дефинитивно токсични и нема потреба да се чувствувате лошо за да се одалечите од нив и да не бидете во  нивното присуство.

3.       Тие се тука за вас, ако тоа некако им користи

Токсичниот член на семејството само ќе одлучи да ви помогне ако може нешто да добие. Нормално, тие ќе дојдат кај вас за совет или помош, но веднаш штом ќе им дадете што им треба, ќе одлучат да се дистанцираат од вас уште еднаш и со таквата постапка повторно да ве повредат. Што се случува кога ви треба нивната поддршка и љубов? Тие нема да можете да ги најдете, ниту пак да ги добиете за возврат. Тие знаат како да Ве манипулираат!

4.      Тие одат напред и назад помеѓу позитивните и негативните коментари

Еден момент тие ве пофалуваат и ги поддржуваат вашите напори, а следниот тие ве навредуваат и го судат секој потег што го правите. Понекогаш Ве понижуваат во јавност и Ве исмејуваат „за Ваше добро“. Тие не можат да го толерираат тоа кога ги игнорирате, така што прават сè што е во нивна моќ за да ја повратат контролата на вашето внимание. Речиси е невозможно да се откажат од нивното манипулативно однесување.

5.      Често употребуваат техника на манипулација, која се нарекува Gaslighting (манипулација на мозокот) 

Ако знаете некој којшто тврди дека никогаш не сторил или не кажал нешто, кога Вие и сите други знаете дека е лага... Вие сте изманипулирани! Gaslighting е техника која се заснова на садење семе на сомнеж во умот на жртвите, во обид да ги натера да се чувствуваат беспомошно и да се сомневаат во сопствената разумност и меморија. Можеби имате членови во семејството што одговараат на горниот опис. Ако е така, тие се закана за вашето ментално здравје. Токсичните односи, дури и со семејството и пријателите, можат да имаат големо влијание врз вашата целокупна благосостојба.

* * *

Само затоа што сте идентификувале токсичен однос, тоа не значи дека треба да се откажете од тоа лице и да го мразите, омразата е ниска фреквенција. За почеток е доволно да го препознаете тој однос и да ја прифатите таа личност. Вашата човечност секако ќе сака да направи сè за да им помогнете, затоа што ги сакате, а ним им е потребна Вашата помош, но на поинаков начин од дотогаш. Секако дека најмногу ќе им помогнете ако на почетокот се дистанцирате за одреден период. Има многу работи што можете да ги направите за да биде токсичниот член на семејството потолерантен и за да започне да се менува.

Сепак, најдобро решение ќе биде да ги отстраните од вашиот живот. Тоа не е секогаш лесна задача, особено ако таа токсична личност е родител. Ако ситуацијата ескалира до точка каде што станува невозможно да бидете среќни, тогаш немате друг избор освен да го елиминирате тоа лице од вашиот живот или вие да се елиминирате себе си од нивните животи. Без оглед на тоа колку е корисно да се отстрани оваа личност од вашиот живот, сè уште ќе имате чувство на вина, загуба, болка, двоумење, грижа на совест и сомнеж во врска со одлуката. Мора да бидете подготвени да ја направите оваа жртва со цел да ги заштитите вашите емоции и вашата иднина.

Понекогаш морате да доживеете болка за да се заштитите себе си од уште поголеми болки и за да можете конечно душевно да се излечите. Исто така, ќе ви треба време да се опоравите и да заздравите. Во многу случаи токму дистанцата била лек за подобрување на односите помеѓу лицата во иднина, бидејќи кога некој не го цени вашето присуство, многу повеќе ќе го цени по вашето отсуство. Запомнете секогаш  грижете се најпрво за себе! Ако сте ја прочитале оваа статија и била корисна за вас, немојте да се плашите да ја споделите со вашето семејство и пријателите на вашите социјални мрежи!

Автор: Кристина Т.
Уредник: MoniQue K.
Извор: Higher Perspective